6.8 C
Skopje

Македонија пред двоен предизвик: Саудиска Арабија како тест, Лихтенштајн како императив!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа пред два клучни натпревари кои ќе го дефинираат понатамошниот тек на квалификациите за Светското првенство. Првиот предизвик е пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија во Прага, а само три дена подоцна следува квалификацискиот дуел против Лихтенштајн во Скопје.

Иако натпреварот со Саудиска Арабија е од пријателски карактер, и селекторот Благоја Милевски и репрезентативците го сфаќаат максимално сериозно, како одлична увертира и подготовка за она што следува.

Милевски: “Саудиска Арабија е предизвик, сакам да видам максимум од сите”

Селекторот Благоја Милевски најави дека натпреварот во Прага ќе биде можност да се провери формата на сите играчи и да се зголеми конкуренцијата во тимот.

“Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што нè очекува во недела, а тоа е дуелот со Лихтенштајн”, изјави Милевски.

Елмас: “За нас пријателски натпревари не постојат”

Најголемата ѕвезда во тимот, Елиф Елмас, кој се врати во репрезентацијата по комплетирањето на својот трансфер во Наполи, исто така го потенцираше значењето на овој натпревар.

“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме”, изјави Елмас.

Серафимов и Илиевски внимателни: “Нема потценување”

Дефанзивецот Никола Серафимов и голманот Бојан Илиевски предупредуваат дека и покрај фаворитската улога, натпреварот со Лихтенштајн мора да се сфати максимално сериозно.

“Кога однапред ќе ги запишете трите бода, тоа никогаш не е добро. Ние како група никогаш не сме потцениле никого, така ќе биде и овој пат”, изјави Серафимов.

“Имаме позитивна серија, кога нешто е добро, не треба да се менува. Натпреварот со Лихтенштајн е многу важен, бидејќи и тие можат да изненадат”, додаде Илиевски.

На крајот, јасно е дека фокусот на целата репрезентација е насочен кон недела и освојување на трите бода, кои се императив за продолжување на сонот за пласман на уште едно големо натпреварување.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено