Фудбалската федерација на Македонија денес објави дека се распродадени сите билети за претстојниот меч на гости во Белгија.
На располагање на нашите навивачи биле вкупно илјада билети, а истите биле целосно распродадени, со што се очекува максимална поддршка од македонските навивачи во клучниот натпревар против силниот противник.
Доколку сакаме да го задржиме првото место на табелата во квалификациите за настап на првото Светско првенство за Македонија, поддршката од трибините и тоа како ќе биде потребна.
Инаку, со Белгија одигравме одличен натпревар во Скопје, но сепак со примениот гол во самата завршница извлековме само бод со нерешен резултат од 1:1.



