2.8 C
Skopje

Македонија со убедлива победа од 3:0 против Ерменија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонките тениски репрезентативци одиграа уште еден одличен ден во рамките на Дејвис Купот кој се игра во Скопје, овој пат против тимот на Ерменија кој го совладаа со вкупен резултат од 3:0.

На почетокот на денот работите не изгледаа премогу едноставни, откако Стефан Мицов се “помачи” во истоштувачки меч кој траеше дури 3 часа и 2 минути. На крајот, сепак Мицов излезе како победник од овој тежок натпревар против Микаел Аванесјан со 2-1 во сетови.

Copyright: Sportstation.mk

Вториот натпревар течеше многу поглатко за македонскиот тениски предводник Калин Ивановски, па тој успеа за еден час да го совлада Ерменецот Микаел Аветисјан со 2-0 во сетови, со што веќе беше загарантирана и третата победа на турнирот за Македонија.

Со истиот состав како и вчера во дубл, Македонија се спротистави во третиот меч со Калин Ивановски и Стефан Мицов, за убедлива победа од 3:0. Нашите тенисери го добија мечот со 2-0 во сетови.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено