Денес во Скопје на теренот на Југ, во градскиот парк, започна Дејвис Купот, каде македонските тенисери одиграа два одлични сингл меча против тенисерите на Малта.
Победничката серија за започна Берк Бугариќ кој утрово после 1 час и 50 минути игра, успеа да го совлада Лиам Деликата со 2-0 во сетови.

Вториот поен за Македонија го донесе Стефан Мицов кој на жешкото скопско сонце, успеа после 2 часа и 30 минути да го победи Алекс Де Габриеле со 2-1 во сетови.
Во мечот во двојки ќе играат Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ за Македонија и Стархиња Ѓукиќ со Лиам Деликата за Малта.
Влезот на натпреварите од Дејвис Купот е слободен, па доколку имате можност дојдете заедно да навиваме за нашите тенисери! Натпреварите се играат од денес до сабота на терените на ТК Југ во Скопје.
