Македонските атлетичари блеснаа во Белград: Стефановски со нов рекорд во скок со стап, Авија „леташе“ во далечина!

Објавено:

Македонските атлетичари го искористија изминатиот викенд за да ја потврдат својата одлична форма на средбите во организација на Партизан и Црвена Звезда во Белград. Настапите на нашите претставници беа крунисани со соборување на национални рекорди и израмнување на младински постигнувања.

Историски скок на Огнен Стефановски

Во центарот на вниманието беше Огнен Стефановски, кој испиша нова страница во историјата на македонската атлетика. Стефановски постави нов државен рекорд во дисциплината скок со стап во сала, прескокнувајќи ја границата од 4.01 метри. Овој резултат е само потврда за неговиот огромен напредок и континуирана работа во една од најтешките атлетски дисциплини.

Брајан Авија го израмни младинскиот рекорд

Уште еден подвиг во Белград направи младиот Брајан Авија. Со одличен скок од 7.05 метри, тој го израмни младинскиот рекорд на Македонија во скок во далечина. Авија уште еднаш докажа дека е еден од најперспективните атлетичари во земјава и име на кое сериозно треба да се смета во иднина.

Стојоски најбрз на 200 метри

Најдобриот македонски спринтер, Јован Стојоски, ја потврди својата класа на двата митинзи во трките на 200 метри. Стојоски успеа да се закити со прво и второ место, притоа поставувајќи го своето најдобро време за оваа сезона од 21.92 секунди, што е одличен показател пред познајните меѓународни настапи кои претстојат.

Успешниот викенд во Белград е силен мотив за целата македонска атлетска експедиција, која со високи амбиции влегува во претстојната сезона во сала.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено