Големото спортско лето продолжува во Скопје со Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), каде нашите машки и женски ракометни репрезентации до 18 години ќе се борат против елитата на стариот континент. Распоредот за групната фаза е веќе објавен, а СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде центарот на младинскиот ракомет од 21 до 23 јули.
Македонските млади ракометари и ракометарки ќе имаат шанса да се наметнат пред домашна публика и да покажат дека иднината на нашиот ракомет е светла. Поддржете ги од трибините – направиме заедно еуфорија во СЦ Борис Трајковски!
Влезот за сите натпревари е бесплатен, па поддржете ги нашите млади одбојкари од трибините!
Распоред – Машка репрезентација (групна фаза)
21 јули (недела), 18:00 ч.
Македонија – Франција
22 јули (понеделник), 18:00 ч.
Словенија – Македонија
23 јули (вторник), 18:00 ч.
Белгија – Македонија
Распоред – Женска репрезентација (групна фаза)
21 јули (недела), 18:00 ч.
Македонија – Италија
22 јули (понеделник), 18:00 ч.
Словенија – Македонија
23 јули (вторник), 18:00 ч.
Турција – Македонија



