Екипата на Манчестер Јунајтед го освои “летниот трофеј” на Премиер Лигата. Летниот турнир се одржа во САД, а ова е прв трофеј за тимот под водство на Рубен Аморим, кој го замени Ерик тен Хаг на средината на минатата сезона.
Освојувањето на трофејот пристигна после нерешениот резултат на Манчестер во вчерашниот меч со Евертон (2:2), кој се одигра во Атланта.
Иако овој трофеј можеби нема некое преголемо значење, сепак ќе додаде на амбициите и мотивацијата на тимот за претстојната сезона, после разочарувачкото 15 место кое го освоија минатата сезона во Премиер лигата.





