Манчестер Јунајтед ја потврди повредата: Патрик Доргу го пропушта баражот против Македонија?

 

Објавено:

Лоши вести пристигнуваат од „Олд Трафорд“ за данскиот национален тим, но иако повредите никогаш не се позитивни, сепак неговото отсуство ќе дојде како олеснување за македонските навивачи. Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу, ќе биде надвор од терените неколку недели по повредата на задната ложа заработена на дербито против Арсенал.

Клучен играч во најлош можен момент

21-годишниот Доргу, кој игра во неверојатна форма под водство на Мајкл Карик, постигна фантастичен гол против „Топџиите“, но го напушти теренот со болки во финишот на мечот. Иако првичните надежи беа дека се работи за обичен грч, медицинските прегледи потврдија дека повредата е посериозна.

Ова е огромен удар за Данска пред мартовскиот циклус, каде ги очекуваат клучните пресметки од баражот за Светското првенство токму против Македонија. Со оглед на тоа што закрепнувањето од ваков тип на повреда трае меѓу 4 и 6 недели, Доргу најверојатно нема да биде подготвен да му се спротивстави на тимот на Седлоски.

Олеснителна околност за македонската одбрана

Патрик Доргу стана страв и трепет во Премиер лигата откако беше префрлен на понапредна позиција по левата крилна страна. Со неговото отсуство, Данска губи еден од своите најопасни и најбрзи фудбалери, што значително ги менува калкулациите за нашиот национален тим во борбата за билет за Мундијалот.

Додека Карик ќе мора да го менува со Матеус Куња во составот на Јунајтед, данскиот селектор веќе почнува да се фаќа за глава, знаејќи дека Доргу беше планиран како еден од главните оружја против „Рисовите“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено