Манчестер Јунајтед го направи следниот потег во трката за еден од најбараните европски напаѓачи. Клубот од Олд Трафорд достави официјална понуда до РБ Лајпциг вредна 75 милиони евра плус уште 10 милиони во бонуси за 21-годишниот словенечки репрезентативец Бенјамин Шешко.
Раководството на Лајпциг сè уште не одговорило на понудата, но конкуренцијата е жестока. Њукасл синоќа исто така влезе во игра со подобрена понуда од најмалку 80 милиони евра, откако нивниот прв обид беше одбиен. “Црно-белите” се активни во потрагата по замена за Александар Исак, кој отворено изрази желба за нов предизвик.
Шешко зад себе има блескава сезона со 21 гол во сите натпреварувања за Лајпциг, или вкупно 39 голови и 8 асистенции на 87 настапи откако пристигна од РБ Салцбург во 2023 година. Неговиот физички профил, завршница и интелигенција на теренот го прават идеална опција за клубови кои бараат долгорочно решение во нападот.

Манчестер Јунајтед веќе донесе две офанзивни засилувања ова лето, Матеус Куња од Вулвс и Брајан Мбеумо од Брентфорд, но тренерот Рубен Аморим инсистира дека тимот сè уште нема доволно квалитет и ротација во нападот. Најновата понуда за Шешко само го потврдува тоа.
Интерес за Шешко порано имаа и Арсенал и Челси. “Топчиите” се решија за Виктор Ѓокереш од Спортинг, додека Челси ги ангажираше Жоао Педро и Лијам Делап, оставајќи го Манчестер Јунајтед во силна стартна позиција во оваа трка.
Ќе биде ли Шешко новата деветка на “црвените ѓаволи”? Одговорот го носат следните денови, но едно е сигурно – Јунајтед е решен да го добие својот човек. Ако сакате да видите каде сме денес на тркалот на сагата за Шешко, кликнете тука.



