9.8 C
Skopje

Мареска за празниот стадион на натпреварот на Челси: беше чудно!

Објавено:

Во рамките на ФИФА Светскиот клупски клуб вчера се одигра натпреварот меѓу Челси и Лос Анџелес, а коментарите во јавноста повеќе беа за празните трибини, отколку за самата игра. Дури и тренерот на Челси, Енцо Мареска, после натпреварот изјави дека тоа била “чудна околина за играње”.

Натпреварот се одигра на стадионот Мерцедес-Бенц во Атланта, кој примарно е стадион на НФЛ рагби лигата и има капацитет од 70.000 седишта. Но, вчера едвај 22 илјади го гледаа натпреварот од трибините.

Оние навивачи кои имаа купено поевтини карти беа повикувани да се преместат на подолните седишта, но сепак тоа не беше доволно за да се добие впечаток на полн стадион дури ни за телевизискиот пренос.

“Натпреварот беше добар, со добра игра. Околината беше малку чудна, стадионот беше скоро празен”, изјави Мареска за новинарите по натпреварот.

Поголемиот дел од присутните навивачи беа во дресови на Челси, додека само мал дел од фановите на Лос Анџелес ги зафатија столчињата зад головите. Инаку, американскиот тим доби шанса за пласман на натпреварувањето откако мексиканскиот клуб Леон беше дисквалификуван поради прекршување на правилото за повеќе сопственици. Лос Анџелес потоа го добија реванш натпреварот со Клуб Америка (2:1) со што се квалификуваа на турнирот. Доколку некој од мексиканските тимови беше пласиран на нивно место, најверојатно стадионот ќе изгледаше многу поинаку.

Извор: https://x.com/ESPNFC

“Ние се подготвувавме за овој натпревар знаејќи дека околината ќе биде малку поинаква од што сме навикнати. Но, се надеваме дека следниот натпревар ќе биде поинтересен, знаејќи дека Бразилците секогаш привлекуваат многу, многу страсни навивачи. Ќе се обидеме да се подготвиме за тоа”, рече Мареска.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во декември изјави дека “натпреварувањето ќе привлече два, три, па дури и четири милиони навивачи кои ќе пристигнат во САД, но дека и оние што ќе останат дома ќе може за прв пат во историјата да го гледаат секој натпревар бесплатно преку стриминг платформа”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено