Додека фудбалскиот свет е фокусиран на Африканскиот куп на нации (АФКОН) кој моментално се одржува во Мароко, во позадина се одвива вистинска „градежна војна“ за најпрестижниот натпревар во фудбалот – финалето на Светското првенство во 2030 година.
Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе биде домаќин на Мундијалот, но прашањето „каде ќе се игра финалето?“ станува сè пожешко. Шпанците го форсираат „Сантијаго Бернабеу“, но Мароканците имаат свој адут – мегаломанскиот проект „Гранд Стад Хасан Втори“ во Казабланка.
„Скапоцен камен“ во пустината
Според шпанскиот весник „Марка“, чии новинари го посетија градилиштето, ова е „скапоцениот камен“ на мароканската кандидатура. Стадионот е дизајниран да собере неверојатни 115.000 гледачи, што ќе го направи најголемиот модерен стадион во светот, надминувајќи го дури и реновираниот Камп Ноу.
🏟️ Así está el nuevo Stade Hassan II, rival del Bernabéu para la final del Mundial 2030
🎥 MARCA visitó las obras del nuevo recinto que construye Marruecos cerca de Casablanca @Juan_Castro_10 pic.twitter.com/t7rzGDBX6U
— MARCA (@marca) December 28, 2025
Стадионот се наоѓа во Бенслиман, близу Казабланка, на површина од 140 хектари. Иако моментално изгледа изолирано („во средина на ништо“), плановите вклучуваат мрежа од автопати кои ќе го поврзат директно со Казабланка и Рабат.
ФИФА веќе му даде највисока оценка
Интересно е што овој проект, кој се очекува да биде завршен во 2028 година, веќе доби највисока оценка од инспекцијата на ФИФА (4.3 од 5), победувајќи ги сите други стадиони кандидати од трите земји домаќини.
Штор шатори и хибридна трева
Дизајнот е инспириран од традиционалните берберски шатори (јаимас), давајќи му уникатен локален идентитет. Ќе користи најсовремена технологија и специјална хибридна трева отпорна на високи температури.
По завршувањето, овој фудбалски храм ќе биде дом на мароканската репрезентација, но и на лутите градски ривали Видад и Раџа Казабланка.
Битката е отворена: Мадрид или Казабланка?



