Мато не се враќа во Скопје!? Шкотите го спасуваат од трибините на Вардар!?

Објавено:

По денови на хаос, конфузија и ПР-акробации, се чини дека сагата со Роџерс Мато се ближи кон својот крај. Според најновите информации кои доаѓаат од Шкотска, премиерлигашот Хартс започнал нова рунда преговори со Вардар за да го ангажира репрезентативецот на Уганда уште во овој преоден рок.

Иако првичните најави за „милионски трансфери“ во САД се покажаа како неточни, Вардар сепак ќе добие одредено обештетување. Но, прашањето е, по која цена за угледот на клубот?

Извор: Mato Rogers Kassim {https://www.instagram.com/matorogers_kassim47/}
Шкотите потврдуваат: „Сакаме да го донесеме Мато сега!“

Менаџерот на Хартс, Дерек Мекинес, за шкотските медиуми отворено проговори за ситуацијата:

„Го имаме потписот на момчето. Не го имавме пред два дена, имаше притисок од разни страни, но тој си стоеше на зборот. Зборував со него пред да замине на АФКОН и тој едвај чека да дојде овде.“

Мекинес потврди дека Хартс ќе се обиде да го забрза трансферот:

„Не знам дали ќе успееме, тоа не го контролираме ние, но би било убаво ако можеме да го донесеме сега. Ќе се обидеме.“

Ова јасно укажува дека Шкотите се свесни за „токсичната“ атмосфера во Скопје и сакаат да го извлечат својот иден играч од ситуацијата каде тој е етикетиран како виновник.

НАШ СТАВ: Пари има, но гордоста е загубена

Изгледа сепак ќе има трошки за Вардар… А од тие трошки, 20% ќе одат за Брера Струмица.

Безизлезноста во која се наоѓаат Мато и Вардар има само едно логично решение, играчот веднаш да замине во Шкотска. Алтернативата е погубна: Мато да седи на трибини 6 месеци (бидејќи беше претворен во „жртвено јагне“ за да се покријат организациските пропусти), а Вардар да остане без денар.

Ова е целосно промашен зимски преоден рок од страна на раководството. Сепак, сметаме дека сето ова е погрешно. Можеше гордо да се признае поразот во преговорите, да се остави Мато да ја доигра сезоната и да помогне во походот кон титулата. Вака, добивме циркус за „ситно“, со нарушен имиџ пред меѓународната јавност.

Доколку овој трансфер се официјализира сега, се надеваме дека отсуството на Мато нема да биде користено како изговор доколку Вардар не ја освои титулата оваа сезона.

Мато е „исчезнат“, јасна порака до управата

Според извештаите на „The Scottish Sun“, Роџерс Мато воопшто не се појавил на подготовките на Вардар во Турција по настапот на АФКОН. Ова е јасен знак дека мостовите се изгорени и дека враќање назад нема.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено