Мбапе ја покажа „Златната копачка“ пред денешниот меч. Еве како ја освои!

 

Објавено:

Килијан Мбапе игра во неверојатна форма, добивајќи сега признание и за изминатата сезона. На крајот од сезоната 2024/25, ѕвездата на Реал Мадрид ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец во европските лиги, во избор на „Marca“ и Европските спортски медиуми (ESM).

Со 31 гол во Ла Лига, Мбапе го остави зад себе Виктор Ѓокереш од Спортинг (сега веќе од Арсенал) и Мохамед Салах од Ливерпул. Французинот одигра 34 натпревари и помина 2.915 минути на терен, претворајќи ги шансите во чиста уметност. Иако Реал немаше совршена сезона, неговата индивидуална форма беше на ниво што го гледаме само кај вистинските голгетери.

Трофеј што ја продолжува традицијата

Ова е уште еден доказ дека „кралската“ крв тече низ мадридскиот дрес. Мбапе стана првиот фудбалер на Реал Мадрид по Кристијано Роналдо што ја освојува наградата, по пауза од речиси една деценија. Претходно, Португалецот трипати ја подигна „Златната копачка“: во 2011, 2014 и 2015 година.

Со ова признание, Мбапе им се придружи на Хари Кејн и Ерлинг Халанд, последните двајца добитници, и уште еднаш ја потврди својата доминација во европскиот фудбал.

Коефициентите што решаваат

Иако Ѓокереш постигна 39 гола за Спортинг, правилото за бодирање на „Златната копачка“ тој остана на второто место поради системот на бодирање. Според него, головите во најсилните пет лиги на Европа (Шпанија, Англија, Германија, Италија и Франција) вредат по два поени, додека оние во останатите лиги по 1,5.

Така, Мбапе со 31 гол стигна до 62 поени, додека Ѓокереш заврши со 58,5. Салах со 29 погодоци остана само чекор зад нив.

Извор: https://x.com/brfootball

Крајна табела „Златна копачка 2025“

  1. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 31 гол (x2) → 62 поени
  2. Виктор Ѓокереш (Спортинг Лисабон) – 39 гола (x1,5) → 58,5 поени
  3. Мохамед Салах (Ливерпул) – 29 гола (x2) → 58 поени
  4. Хари Кејн (Баерн Минхен) – 26 гола (x2) → 52 поени
  5. Роберт Левандовски (Барселона) – 25 гола (x2) → 50 поени
  6. Матео Ретеги (Аталанта) – 25 гола (x2) → 50 поени
  7. Александар Исак (Њукасл) – 23 гола (x2) → 46 поени
  8. Омар Мармуш (Ајнтрахт Франкфурт/Манчестер Сити) – 22 гола (x2) → 44 поени
  9. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 22 гола (x2) → 44 поени
  10. Мика Бирет (Штурм Грац/Монако) – 24 гола (x1,75) → 42,5 поени

Ново поглавје во легендарната приказна

Со оваа награда, Мбапе само ја продолжува својата приказна за величие. По триумфите со ПСЖ, сега и во белиот дрес на Реал Мадрид докажува дека каде и да игра головите не запираат. На 26 години, францускиот ас веќе влегува во друштвото на најголемите стрелци во историјата, чекор поблиску до рекордите на Меси и Роналдо.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено