Мбапе со неверојатно достигнување во националниот дрес

Објавено:

Со учеството во вечерната победа на Франција над Украина, Килијан Мбапе стигна до неверојатно достигнување во својата кариера во националниот дрес.

Мбапе со голот на вечерашниот натпревар стигна до 51 гол за француската репрезентација, со што се изедначи на второто место со легендарниот Тиери Анри на листата за најмногу погодоци во историјата.

На само 26 години, Мбапе е на само шест голови разлика од првиот на табелата, Жиру кој има постигнато 57 голови за “петлите”.

Со оглед на тоа што Мбапе беше избран и за најдобар играч на месецот и во ПСЖ, а успесите ги реди и во националниот дрес, најверојатно во брзо време ќе успее да го достигне и самиот врв на листата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено