Мекларен одлучи: Нема наредби од боксот, Пјастри и Норис слободни да се тркаат за титулата!

Објавено:

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, потврди дека Оскар Пијастри нема да биде жртвуван во корист на Ландо Норис и ќе има целосна слобода да се бори за титулата на последната трка во Абу Даби, и покрај огромната закана од Макс Верстапен.

По драматичната трка во Катар, каде стратегијата на Мекларен потфрли, Верстапен го презеде второто место во пласманот. Ситуацијата пред финалето е пеколна: Норис води со 12 поени пред Верстапен и 16 поени пред Пијастри, а во Абу Даби се во игра максимум 25 поени.

Филозофија на еднаквост

Иако Верстапен е во сериозна позиција да ја „украде“ титулата, Стела е дециден дека Мекларен нема да ја менува својата филозофија на еднаквост меѓу возачите. „Нашата филозофија нема да се промени. Ќе им оставиме можност и на Оскар и на Ландо да се натпреваруваат и да ги следат своите аспирации“, изјави Стела.

Шефот на Мекларен направи интересна историска референца, потсетувајќи дека во последните два наврати кога тројца возачи се бореа за титулата на последната трка (2007 и 2010 година), шампион стана токму оној што беше трет пред финалето (Кими Раиконен во 2007 и Себастијан Фетел во 2010).

https://twitter.com/McLarenF1/status/1994046465681858959/photo/1

Што ако Верстапен води?

Мекларен сепак ќе разговара за сценарија каде колаборацијата меѓу возачите би имала смисла. Едно такво сценарио е доколку Верстапен води кон крајот на трката, Пијастри е трет, а Норис четврти. Во тој случај, Верстапен би бил шампион. Но, доколку Пијастри му го отстапи третото место на Норис, Норис би станал шампион.

Сепак, Стела нагласи дека секоја таква одлука мора да биде фер и однапред договорена со двајцата возачи.

„Сакаме да бидеме фер кон нашите возачи и да се тркаме со интегритет. Нема да има наредба која би исклучила еден возач доколку тој е во позиција да ја освои титулата“, заклучи Стела.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено