После вчерашната победа на неговата репрезентација над репрезентацијата на САД на Златниот куп, Гилберто Мора стана најмладиот фудбалер во историјата на спортот кој освоил трофеј.
Со неговите 16 години и 265 дена, тој се искачи на врвот на листата, пред Ламин Јамал кој на 17 години и 2 дена го подигна пехарот на Европското првенство со Шпанија и Пеле кој на 17 години и 249 дена го освои Светското првенство во 1958 година.

Тинејџерот од Мексико има вртоглав подем, уште од неговото деби во Тихуана на 15 години во август 2024 година, како и првиот гол кој го постигна на со нецели 16 години.
Трендот на тинејџерите кои постигнуваат врвни резултати на млади години е евидентен низ целиот фудбалски свет, а тоа се должи најверојатно на раните програми за развој и системите во кои влегуваат уште од мали нозе.
Младиот Мора со ова дефинитивно се стави на радарот на светската фудбалска публика, а него ќе го гледаме сигурно и на Мундијалот идната година, кога неговата земја е една од домаќините на првенството.



