Мерцедес казнети – ќе стартуваат за едно место подолу на гридот

 

Објавено:

После одличните квалификации за “сребрените стрели” во Бахраин, сè изгледаше одлично за тимот на Мерцедес, откако двајцата шофери извозеа одлични кругови и се пласираа на второто, односно четвртото место за утрешната трка.

Сега ФИА објави дека и двајцата возачи, Британецот Џорџ Расел и младиот Италијанец Кими Антонели се казнети со по едно место на гридот, па ќе започнат од третото, односно петтото место.

Извор: https://media.formula1.com

Причината за тоа е прекршување на правилата на ФИА во квалификациите за Големата награда на Бахраин, односно казната следува за влегување во брзата лента од питот пред рестартирањето на времето на сесијата, после ударот на Естебан Окон во Q2.

После промената, сега првите 5 изгледаат вака:

1. Оскар Пијастри – Мекларен
2. Шарл Леклер – Ферари
3. Џорџ Расел – Мерцедес
4. Пјер Гасли – Алпин
5. Кими Антонели – Мерцедес

Трката за Големата награда на Бахраин е закажана за утре во 17:00 часот.

Извор: https://www.facebook.com/Formula1
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено