Меси со емотивно збогување во најверојатно последниот меч дома

Објавено:

Уште пред неколку недели беше најавено дека легендата на аргентинскиот фудбал, Лионел Меси, најверојатно ќе го одигра последниот меч на домашен терен во сино-белиот дрес.

Тој тогаш изјави: “Ова е причината зошто целото мое семејство ќе биде со мене. Мојата сопруга, децата, моите родители, моите браќа и сестра и сите оние кои ќе успеат да дојдат од страната на мојата сопруга. Целото семејство ќе го живееме моментот како да е последен натпревар таму. Подоцна, ќе ви кажам, не знам што ќе се случи. Но, ќе одиме со таква намера”.

И денот дојде, а Меси се појави пред домашната публика да го одигра мечот против Венецуела во квалификациите за Светското првенство идната година.

На самиот старт тој излезе пред публиката на Естадио Монументал во Буенос Аиерес, со солзи во очите. На интонирањето на химната тој со себе ги имаше синовите, а не можеше да ги сокрие емоциите од она што најверојатно ќе биде збогување со домашната публика.

Извор: https://x.com/MLS/

Но, кога натпреварот почна, емоциите беа претворени во она што најдобро знае да го прави – да погодува за својата Аргентина. По асистенција на Алварез, Меси го постигна првиот погодок на натпреварот во 39-та минута, за вистинска ерупција на трибините.

Четири минути после голот на Лаутаро Мартинез во 76-та минута, Меси го даде и последниот гол на натпреварот, за конечен резултат од 3:0 и вистински начин за кажување збогум на страсните навивачи, кои сигурно во голем број ќе пристигнат и на Мундијалот.

После натпреварот Меси изјави: “Сè уште не сум донел одлука за наредното Светско првенство. Со оглед на моите години, логично би било дека нема да успеам да играм на идниот Мундијал. Но, ќе одиме ден за ден, натпревар по натпревар”.

Извор: https://x.com/CrewsMat10/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено