11.8 C
Skopje

Меси со нов проект: Се раѓа “Меси Купот” во Мајами!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Лионел Меси можеби ги освои сите можни трофеи во фудбалот, но неговата мисија не е завршена. Аргентинската легенда вчера го најави својот нов, голем проект, “Меси Куп”, интернационален младински турнир кој ќе ги собере едни од најдобрите фудбалски академии во светот.

Целта е јасна: да се пронајде и промовира следната генерација на фудбалски ѕвезди, а можеби, меѓу нив, и момчето кое еден ден ќе го наследи токму Меси.

Турнир на гигантите во Мајами

Првото издание на “Меси Купот” ќе се одржи во Мајами од 9 до 14 декември, а на него ќе учествуваат У-16 екипите на осум гиганти:

  • Интер Мајами
  • Барселона
  • Челси
  • Манчестер Сити
  • Атлетико Мадрид
  • Интер
  • Ривер Плата
  • Њуелс Олд Бојс

Изборот на клубови е симболичен, тука е неговиот клуб од детството (Њуелс), клубот во кој стана легенда (Барселона) и неговиот сегашен тим (Интер Мајами), заедно со уште неколку европски гиганти. “Конечно можам да ви кажам дека во декември во Мајами доаѓа еден многу посебен младински турнир. Се надевам дека ќе ви се допадне!”, напиша Меси на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

“Blue Lock” во реалноста: Меси како Шанг Цунг во потрага по наследник?

Веста за турнирот предизвика лавина од хумористични коментари на социјалните мрежи, а многумина ја споредија со сцени од аниме или филмови. “Ова е како аниме-приказна во која Меси седи на престол и гледа како децата се борат во арена. Победникот ќе стане новиот Меси”, “Победникот ќе ја изеде неговата коса и ќе ја наследи неговата моќ”, “Меси = Шанг Цунг”, беа само дел од реакциите.

Други, пак, го споредија турнирот со популарното аниме “Blue Lock”, во кое се бара најдобриот напаѓач на Јапонија.

На крајот, иако хуморот е неизбежен, едно е сигурно: со овој турнир, Лионел Меси започнува да го гради своето наследство и надвор од терените, давајќи им шанса на младите таленти да тргнат по неговите стапки.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено