Методите на Жозе: Мурињо ги остави играчите да спијат на стадион по синоќешниот пораз

Објавено:

Жозе Мурињо повторно е во својот препознатлив елемент. По елиминацијата на Бенфика во полуфиналето на Лига купот од Брага (3-1), „Специјалниот“ одлучи да примени радикални мерки за дисциплина. Наместо да заминат кај своите семејства, фудбалерите на Бенфика беа принудени да ноќеваат во тренинг центарот во Сеишал.

Мурињо не застана само на наредбата за „карантин“, туку испрати и брутално искрена порака до своите избраници преку медиумите.

„Се надевам дека нема да спијат и дека ќе размислуваат многу“

На прес-конференцијата по натпреварот, на кој Бенфика остана и со играч помалку по исклучувањето на Николас Отаменди, Мурињо јасно стави до знаење дека не толерира опуштање.

„Играчите ќе спијат во Сеишал. Во четврток имаме тренинг, во петок имаме тренинг… Се надевам дека ќе спијат исто толку ‘добро’ како и јас, што значи дека воопшто нема да спијат. Тоа е мојата желба за нив. Сакам да не спијат и наместо тоа многу да размислуваат, исто како што јас ќе размислувам“, изјави Мурињо во свој стил.

Подготовка за пеколот на „Драгао“

Овој пораз ја прекина серијата од 11 натпревари без пораз за Бенфика под водство на Жозе. Сепак, стратегот кој се врати во клубот каде ја започна кариерата во 2000 година, веќе е фокусиран на следната голема пресметка.

Бенфика во среда му гостува на Порто во четвртфиналето на Купот на Португалија, што е идеална шанса за одмазда и враќање на самодовербата. Мурињо најави дека „монолозите“ во соблекувалната ќе престанат и дека од четврток започнува сериозен дијалог со играчите за да се увидат разликите меѓу доброто прво и очајното второ полувреме против Брага.

Бенфика моментално заостанува 10 бодови зад лидерот Порто во првенството, па куп-натпреварите стануваат приоритет за тимот на Мурињо доколку сакаат да ја завршат сезоната со трофеј.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено