Мики ван де Вен им се извини на навивачите на Тотенхем за пеналот

 

Објавено:

Вчерашното финале на Суперкупот донесе вистински пресврт, кога Тотенхем од водство од 2:0, успеа да прими два брзи голови во последните минути од натпреварот против ПСЖ, за на крајот да изгуби на пенали.

Играчот кој го постигна првиот гол за “Спарс”, беше и еден од трагичарите кои во пенал рулетот не успеа да постигне погодок.

Денес, тој им се извини на навивачите преку социјалните мрежи, но и се заблагодари на соиграчите.

“Скршен сум поради синоќа. Извинете што не можев да му помогнам на тимот во пенал завршницата. Горд сум на тимот, сега продолжуваме понатаму и ќе се фокусираме на она што лежи пред нас. Се гледаме во сабота”, напиша тој во објавата.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено