На денешната прес-конференција за медиумите зборуваше челникот на македонската презентација, Боби Милевски пред претстојниот контролен натпревар во Саудиска Арабија и квалификацискиот натпревар за Мундијалот со Лихтенштајн на домашен терен.
Селекторот извести дека репрезентацијата ќе игра без Елези, кој е повреден, но се надеваат дека набрзо ќе се врати на терените. Според медицинските извештаи повредата ќе помине без хируршки зафат.
Милевски исто така нема да смета на Ашковски и Миовски во натпреварите, кои се адаптираат во своите нови клубови.

“Контролниот меч ќе го искористиме како проверка, особено на играчите кои немаат голема минутажа во националниот тим, како и да пробаме различни тактички варијанти”, изјави Милевски
“Лихтенштајн е можеби најзначен натпревар за нас во оваа група, на овие квалификации. Максимално го респектираме противникот, максимално се подготвуваме и се надевам дека момците повторно ќе бидат на вистина на задачата како досега”, додаде тој.
На прашањето дали на тој натпревар ќе бркаме гол-разлика, Милевски додаде: “За нас е најважно да ги освоиме трите бода на тој натпревар, а не може да кажеме дека ќе бркаме гол-разлика, Лихтенштајн е противник за респект. Не може да кажеме нешто такво”.
Интересно е дека тој изјави дека е контактиран и македонскиот фудбалер кој игра во МЛС лигата, Милан Илоски, за кој и ние пишувавме дека би било одлично засилување за нашата репрезентација.

Ова е списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4 септември, стадион “Викторија Жишков”, Прага) и Лихтенштајн (7 септември, Национална арена “Тодор Проески”).
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)



