Вистинска ѕвезда на “Ѕвездашите” вечерва на теренот беше тинејџерот со македонско потекло, Василије Костов, кој го постигна извонредниот погодок против Порто.
Пофалбите пристигнаа и по натпреварот, а тренерот Владан Милојевиќ истакна дека Костов е најголемиот талент во српскиот фудбал и дека тој е презадоволен од неговиот придонес на теренот.
“Василије е едно дете кое е многу стабилно и за своите години е исклучително фудбалски зрел. Треба да остане мирен, да работи и тој е еден од најголемите таленти не само во Ѕвезда, туку во српскиот фудбал. И би сакал да се развие на вистинскиот начин”, изјави тренерот на Црвена Ѕвезда.
За жал, шансите Василије да заигра за македонската репрезентација се мали иако поседува македонски пасош, а иако тој нема сè уште заиграно за сениорската репрезентација на Србија, тие се надеваат дека ова “чудо од дете” ќе игра токму за “Орлите”.
Погледнете го одличниот гол на Костов на теренот во Порто.