Ракометарот на РК Алкалоид е дел од подготовките на клубот пред претстојната сезона. По минатогодишниот успех, во кој Дамјан одигра значителна улога, за оваа сезона вели дека се подготвуваат на највисоко ниво.
Митев беше еден од играчите кои одиграа огромна улога во европските успеси на клубот, а оваа година очекува уште поголеми предизвици.

“Подготовките течат на највисоко ниво. Задоволен сум многу од екипата, имаме добра хемија, се бориме еден за друг. И оваа нова сезона нѐ чека тежок предизвик. Во Европската лига ќе играме двомеч со Хановер, а почнуваме на 31 август на гостински терен. Станува збор за тежок ривал, екипа од Бундеслигата, но ќе се бориме и нема да се откажеме. Потоа следува реваншот во Скопје и ќе треба да се покажеме во најдобро светло пред нашата публика”, изјави Митев во интервјуто за веб страната на клубот.
“Оваа година Суперлигата ќе биде една од посилните и поквалитетна од претходните сезони. Ќе се бориме, очекуваме високи резултати”, додава Дамјан.



