Младинска Супер лига: АП Брера го покори Скопје, „петарда“ и историски триумф за Македонија ЃП

 

Објавено:

Струмичка АП Брера направи огромен чекор кон шампионската титула во Младинската Супер лига откако во дербито на колото среде Скопје го совлада тимот на Вардар со убедливи 4:1. Овој дуел на двата главни конкуренти за тронот понуди отворен фудбал, но гостите од Струмица покажаа поголема ефикасност и заслужено ги однесоа бодовите.

Иван Шириќ ја најави победата на струмичани со погодок во 27. минута од натпреварот. На самиот почеток на второто полувреме, Иван Танчев зголеми на 2:0, по што следеше краток период на неизвесност кога Никола Ристевски во 52. минута го постигна единствениот гол за Вардар. Сепак, надежта на скопските „црвено-црни“ траеше само една минута. Матеј Сејменов веднаш ја врати предноста од два гола, а веќе во 57. минута со својот втор погодок го постави конечниот резултат.

Со оваа победа АП Брера останува на врвот на табелата со 46 бодови, четири повеќе од второпласираниот Работнички, додека Вардар остана на третата позиција со 39 бодови.

Во трката за највисок пласман останува и тимот на Македонија ЃП, кој денеска одигра неверојатен натпревар и славеше против екипата на Скопје со фрапантни 11:0. Во оваа голема победа доминираше Марко Младеновиќ со четири постигнати гола, а Борјан Томовски додаде хет-трик. Бесмир Исмани беше стрелец на два гола, додека Константин Апостолоски и Марко Блажески по еднаш ја погодија противничката мрежа.

Колото продолжува в среда кога Работнички го пречекува Арсими, а се играат и средбите меѓу Охрид Лихнидос и Тиквеш, Њу Старс и Брегалница, Шкендија и Струга Трим Лум, како и дуелот меѓу Пелистер и Башкими.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено