11.8 C
Skopje

“Мрачните вештини” на Артета: Атлетико се врати во хотел испотен, немало топла вода на “Емирати”!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Дербито помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите започна уште пред првиот судиски свиреж. Тимот на Диего Симеоне вчера го одработи својот тренинг на “Емирати”, но по завршувањето, ги пречека едно непријатно изненадување, во соблекувалната немало топла вода.

Бесни и испотени, фудбалерите на Атлетико морале да се вратат во хотелот за да се истушираат, а шпанските медиуми веднаш го обвинија Арсенал за “валкани игри” и “неспортски потег”.

Дали Артета е “водоводџијата”?

Иако од Арсенал се правдаа дека станувало збор за однапред закажано одржување на системот, а дека Атлетико го завршиле тренингот порано од предвиденото, тоа не ги спречи фановите да почнат со хумористични коментари.

“Психолошките игри почнаа!”, “Артета ангажирал и водоводџија во стручниот штаб”, “Дали ова е дел од ‘процесот’?”, “Па, можеле и со ладна вода да се истушираат, не се од шеќер направени”, беа само дел од реакциите.

Најпопуларна беше теоријата дека ова е дел од “мрачните вештини” (dark arts) на Микел Артета, кој е познат по своите неконвенционални методи за мотивација.

На крајот, дали станува збор за саботажа или само за несреќна случајност, не е ни важно. Едно е сигурно – вечерашниот дуел на “Емирати” штотуку доби дополнителна, “жешка” димензија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено