12.8 C
Skopje

Муслиу: “Натпреварот е многу важен за нас, но ќе играме со ладна глава”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските фудбалери денес отпатуваа во Гент, кадешто во петок ќе се соочат со можеби најтешкиот натпревар од квалификациите за Светското првенство, против силната репрезентација на Белгија.

На подготовките во Скопје пред летот за Белгија, нашите репрезентативци се со силна волја, но и претпазливост од преголема еуфорија, бидејќи сите сме свесни дека се соочуваме со ривал од светски калибар.

“Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање, но ниту е крај на светот. Треба да се подготвиме како и за сите други предизвици, како на минатите натпревари, со ладна глава да влеземе во мечот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите нас”, изјави нашиот дефанзивец, Висар Муслиу за време на подготовките.

Тој додаде и дека многупати досега сме покажале дека може квалитетно да одиграме: “Нормално е дека Белгија ќе нè анализира од нашиот последен меѓусебен дуел, но ние многупати сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно со големите репрезентации. Ќе се потрудиме да се подготвиме и да покажеме на терен дека сме конкурентни”.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено