4.8 C
Skopje

На денешен ден: Бразил станаа светски шампиони по 4 пат!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден, 17 јули 1994 година, Бразил го освоија својот четврти трофеј на Мундијалите. Во натпреварот против Италија, тие победија во драматична пенал завршница за конечен резултат од 3:2, откако регуларниот дел заврши без голови 0:0.

Ова беше четврти трофеј за Бразил и прв со модерниот дизајн на ФИФА трофејот за Светските првенства, кој се користи до ден денес.

Извор: https://x.com/FIFAWorldCup

Капитенот Дунга, кој го даде одлучувачкиот пенал, ги одведе до победа Бразилците кои беа фокусирани на дефанзивна игра, нешто што дотогаш не беше тактички својствено за нив.

Натпреварот, кој се одржа во Роуз Боул арената, беше посетен од над 94.000 навивачи. Финалето беше посветено на Аиртон Сена, чија прерана смрт два месеци пред тоа во Италија, додаде емотивна нота на целото првенство.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено