14.8 C
Skopje

На денешен ден: Една од најдобрите битки во тркањето!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден, 19 јули во 1969 година, се одвивала една од битките која важи за една од најголемите во Гранд При тркањето.

Џеки Стујарт го добил дуелот меѓу титаните, кога го победил Јохен Ринд на трката за Големата награда на Британија.

На патеката во Силверстоун таа година се водела жестока битка, а победникот Џеки Стујарт кој возел за Матра, успеал да дојде до победата, откако Риндт бил принуден да застане два пати во боксот, овозможувајќи му на Стујарт да победи за цел круг.

Извор: https://x.com/F1History1950

Победата на Стујарт била уште позначајна, ако се земе во предвид неговиот удар во Вудкот претходниот ден, кога се излизгал и излетал од патеката, поради што морал да ја вози трката со болидот на Жан-Пјер Белтоаз. Оваа победа му го отвори патот на Стујарт кон освојување на својата прва шампионска титула истата година.

Џеки Икс заврши втор за тимот на Бребем, а Брус Мекларен беше трет со сопствениот тим – McLaren. Ринд, и покрај проблемите, финишираше на четвртата позиција.

Извор: https://x.com/F1History1950
Извор: https://x.com/F1History1950

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено