Во 2006 година на денешен ден, 9 јули, Италија станаа светски шампиони после драматичната пенал завршница во натпреварот против Франција.
Овој натпревар, кој се одржа на стадионот Олимпија во Берлин, заврши со резултат 1:1 во регуларното време, за на крајот Италија да победи на пенали со резултат од 5-3.
Ова беше четврта титула на Мундијалите за Азурите, која ја освоија под водство на Марчело Липи на клупата. Одлучноста на Фабио Гросо при изведувањето на пеналот беше еден од клучните моменти за победата на Италијаните.
Интересен факт за ова финале беше и тоа што ова беше прв пат, после 1978 година, Бразил или Германија да не играат во финалето, а само втор пат уште од 1938 година.
Погледнете го моментот кога Италија станаа шампиони!
The moment Italy won the #FIFAWorldCup on this day in 2006… pic.twitter.com/Yco1o262o8
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 9, 2025



