4.8 C
Skopje

На денешен ден: Како Хрватска ја сруши Англија и испиша историја!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден, пред точно седум години, хрватската фудбалска репрезентација ја оствари можеби најголемата и највредната победа во својата историја. На 11 јули 2018 година, на Светското првенство во Русија, Хрватска ја совлада Англија со 2:1 по продолженија, обезбедувајќи пласман во големото финале.

Дуелот на стадионот “Лужники” почна токму онака како што посакуваа Англичаните. Веќе во 5. минута, по прекршок над Деле Али, Киран Трипиер со мајсторски изведен слободен удар ја погоди мрежата на немоќниот Даниел Субашиќ. Во тие моменти Англија доминираше, создаваше шанси и си играше со целосно збунетата Хрватска, која не успеваше да најде решение.

Извор: Tim Groothuis, Witters Sport – USA Today Sports

Епски пресврт: Од шок до фудбалска еуфорија!

Подобрата игра на хрватската репрезентација во второто полувреме беше крунисана со гол кој го најави најголемиот резултат во историјата на хрватскиот фудбал. Англичаните застанаа, а избраниците на Златко Далиќ како да добија крилја.

Се играше 68. минута кога Шиме Врсаљко нафрли од десната страна, а Иван Перишиќ се заби пред својот чувар и со одличен удар го совлада Пикфорд за израмнување на 1:1. Тоа беше моментот кога на сите им стана јасно дека Хрватска има психолошка предност.

Извор: https://www.denverpost.com/ {Alastair Grant, The Associated Press}

Натпреварот влезе во продолженија, каде што хрватската ментална сила повторно дојде до израз. Се играше 109. минута кога, по една нафрлена топка, одбраната на Англија лошо реагираше, а Марио Манџукиќ со убиствен инстинкт ја смести топката зад грбот на Пикфорд за конечни 2:1 и за најголемата фудбалска ноќ во историјата на Хрватска.

Извор: https://www.aljazeera.com/ {Carl Recine/Reuters}

Таа победа ја однесе Хрватска во големото финале против Франција и засекогаш ги запиша имињата на Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ и останатите во пантеонот на спортските бесмртници.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено