10.8 C
Skopje

На денешен ден: Крос ја изведе оваа мајсторија во 95 минута

Објавено:

Германците се познати дека играат фудбал до последната минута, но дури и тие останаа изненадени кога за време на Светското првенство во Русија во 2018 година, Тони Крос успеа да даде маестрален слободен удар за победа во судиското надополнување.

Со голот во 95 минута на Крос, Германија дури и со играч помалку поради црвен картон, успеа да ја совлада репрезентацијата на Шведска со 2:1 во меч се одигра под огромен притисок од елиминација уште во групната фаза.

Сепак, Германците иако беа бранители на титулата не успеаја на крајот да ја поминат групната фаза во можеби најлошото првенство за нив, а Шведска беше прва на групната табела и успеа да стигне до четвртфиналето каде беше совладана од Англија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено