На денешен ден: Ливерпул го одиграа првиот европски натпревар (Видео)

 

Објавено:

На денешен ден, 17 август 1964 година, Ливерпул го одиграа првиот европски натпревар против Рекјавик во Исланд.

Точно 60 години се сметало дека снимката од овој натпревар е засекогаш изгубена, сè додека минатата година не била пронајдена во архивите на Националната филмска агенција на Исланд.

Минатата година, прв човек кому му била покажана снимката, бил токму играчот на Ливерпул Гордон Волас, првиот фудбалер кој постигнал гол за Ливерпул во европски натпревар.

Извор: https://www.liverpoolfc.com

“О Боже. Неверојатно е што Ливерпул постигна низ годините. Тоа беше почетокот на нешто ново, нешто поразлично. Бевме извлечени во ждрепката против Рејкавик, и отидовме во Исланд. Прекрасна земја. А, на натпреварот поминавме одлично”, вели Волас кој таа вечер постигнал два погодока во видеото.

Ливерпул го победил првиот натпревар од реваншот со 5:0, приредувајќи вистински спектакл на европското деби. На првиот европски турнир, тие успале таа година да стигнат сè до полуфиналето.

Погледнете ја оваа историска снимка.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено