На денешен ден: Меси дебитираше во првиот тим на Барселона! (Видео)

Објавено:

На денешен ден, 16 октомври, пред 21 година, Лионел Меси за прв пат истрча на теренот со првиот тим на Барселона, а како што велат и од каталонскиот гигант во денешната објава посветена на него, никој немал ниту идеја што ќе следи потоа…

Во 2004 година, момчето од Росарио за прв пат влезе во игра за првиот тим на Барселона на стадионот Олимпик на Монтжуик, домашниот стадион на градските ривали Еспањол. После тој меч и 17 години подоцна, тој одигра вкупно 778 натпревари за каталонскиот клуб.

Каталонското дерби беше во момент кога Барса го држеше првото место во Ла Лига, а првотимците како Лопез и Гиули отсуствуваа поради повреди, додека други играчи недостасуваа поради црвени картони. Во отсуство на поискусни играчи, тогашниот тренер Франк Ријкард бил принуден да одбере петмина од вториот тим на Барселона Атлетик за да ги надополни дупките во поставата.

Тогаш му била дадена и првата шанса на 17 годишниот Лео, кој од клупата ги гледал своите повозрасни соиграчи како играат, а Деко го постигнал првиот и единствен гол на натпреварот. Токму како негова замена, во 82-та минута во игра влезе Меси и легендата беше родена.

Меси стана една од најголемите легенди на клубот, а во своите импресивни 778 настапи тој постигна 672 гола. Наследството што тој го оствари во клубот брои бројни трофеи, меѓу кои 10 во Ла Лига, 4 во Лигата на шампионите, 9 Копа дел Реј, 8 Суперкупови на Шпанија, 3 Европски Суперкупови и 3 светски клупски првенства. Ако се земат во предвид тука и личните трофеи, како шестте освоени Златни топки, може само да се поклониме пред оваа фудбалска величина.

Извор: https://www.fcbarcelona.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено