На денешен ден, 30 јули 1966 година, англичанецот Геоф Харст го постигна првиот хет-трик на Светските фудбалски првенства и тоа во финалето, нешто што и до ден денес е неверојатно достигнување.
Во финалето кое се одигра на Вембли стадионот во Англија, домаќините ја победија Западна Германија со резултат 4:2 во продолженијата, со што ја донесоа првата и единствена светска титула за Англичаните.
Ова достигнување на Харст уште во 1966 година е уште позначајно, ако се земе во предвид дека до 2022 година никој немаше постигнато хет-трик во финале, а во овој елитен клуб се приклучи Килијан Мбапе во 2022 година, кога постигна три погодоци во финалето на Франција против Аргентина. Сепак, Харст останува единствениот во историјата кој постигнал хет-трик во финалето и ја освоил титулата.
На овој ексклузивен клуб на постигнати хет-трик погодоци на Мундијалите, во сите натпревари, членуваат само уште четворица фудбалери низ историјата – Сандор Кочиш, Жист Фонтен, Герд Милер и Габриел Батистута.
Погледнете го првиот хет-трик постигнат на Мундијалите кој и ден денес е импресивен!
Geoff Hurst: The first man to score a hat-trick in a #FIFAWorldCup Final. pic.twitter.com/hPRrtJGs3P
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 30, 2025