Денес роденден слави еден од најталентираните македонски фудбалери – Дарко Чурлинов, кој полни 25 години. Со својот препознатлив стил, брзина и борбеност, Дарко стана синоним за модерното македонско крило, без страв пред големите предизвици.
Роден во Скопје во 2000 година, Чурлинов фудбалски растеше низ младинските школи во Германија, каде што ја изгради својата цврста основа. Од настапите за Ханса Росток, Магдебург и Келн, па до настапите во дресот на Македонија, Дарко секогаш игра со срце, без разлика дали се работи за пријателски натпревар или големо европско првенство.
Своето деби за македонската репрезентација тој го оствари на 16 години и 8 месеци, станувајќи најмладиот дебитант во историјата. Првиот гол за нашата репрезентација тој го постигна на 4 јуни 2021 година, во натпреварот против Казахстан (4:0). Денес, Чурлинов е прераснат во вистински лидер на новата генерација фудбалери кои ја носат црвено-жолтата боја со гордост.

Тој неодамна ја разбранува фудбалската јавност со криптичната порака на социјалните мрежи, според која не е јасно дали ќе остане да игра и идната сезона во Јагелонија или тоа беше збогување со полскиот клуб каде играше како позајмен играч.
Она што е факт е дека позајмицата на Чурлинов во Јагелонија официјално заврши на 30 јуни. Тој сега, барем на хартија, се враќа во својот матичен клуб, Барнли – тим во кој, што поради повреда, што поради несреќни околности, за жал никогаш не доби вистинска шанса.
Среќен роденден, Дарко од тимот на Спортска Станица!



