1.8 C
Skopje

На денешен ден: Роден е Фернандо Алонсо, еден од легендите на Ф1

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден, пред точно 44 години, во Овиедо, Шпанија, се роди еден од најталентираните и најборбените возачи во историјата на Формула 1 – Фернандо Алонсо. Човекот кој не само што ја прекина доминацијата на Шумахер, туку и инспирираше цела генерација да верува дека храброста, тврдоглавоста и страста понекогаш значат повеќе од машината под тебе.

Алонсо ја освои својата прва титула во 2005 година со Рено, со што стана најмладиот светски шампион во историјата на Ф1 во тоа време. Година подоцна, тој ја одбрани титулата и официјално го симна Михаел Шумахер од тронот, ставајќи крај на една ера и започнувајќи нова.

Неговата кариера е сè освен обична. Од камбекот во Мекларен каде конфликтите со тимот ја одбележаа сезоната во 2007 година, до враќањето во Рено и неочекуваниот трансфер во Ферари, каде што беше најблиску до трета титула (особено во 2010 и 2012), Алонсо секогаш беше во центарот на вниманието. Со волја која никогаш не се предава и со вештина која ги тераше фановите да сонуваат дека сè е можно.

Извор: https://www.planetf1.com

Во времињата кога немаше конкурентен болид, Алонсо секогаш знаеше како да го направи го извади максимумот. Трките како Унгарија 2021, Имола 2005 или Валенсија 2012 остануваат доказ дека тој е мајстор на инстинктот, стратегијата и тркачката интелигенција.

По двегодишна пауза, Алонсо се врати во Ф1 во 2021 со Алпин и повторно беше брз, паметен и незгоден ривал за секого. Во 2023 година со Астон Мартин имаше блескава сезона со подиуми, покажувајќи дека годините не го скротуваат, само го прават поискусен.

Фернандо Алонсо е повеќе од бројки, победи и титули. Тој е симбол на борбен дух, икона на издржливост, и еден од најхаризматичните возачи кои некогаш влегле во болидот.

Извор: https://x.com/AstonMartinF1

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено