На денешен ден: Тиери Анри стана играч на Арсенал

 

Објавено:

На денешен ден, 3 август 1999 година, Тиери Анри стана член на фудбалскиот играч Арсенал, а останатото е историја.

Приказната на Тиери започна кога тој дојде во редовите на “топџиите” со транферот од Јувентус, вреден тогаш 11 милиони фунти. Иако неговите почетоци беа критикувани, кога тој постигна само три голови во првите 16 натпревари, полека се трансформираше во легендата на Арсенал.

Тој важи за еден од најдобрите голгетери на клубот, со постигнати вкупно 228 голови. Неговата кариера зеде замав под водството на Арсен Венгер кој му покажа дека треба да се преадаптира од крилен во централен напаѓач, со што го смени текот на неговата игра.

Сезоната 2003-04 до ден денес важи за една од најдобрите во историјата на клубот, кога Арсенал беа непобедени на 38 натпревари во Премиер лигата, нешто што им нема успеано оттогаш.

Погледнете ја првата фотографија на Тиери Анри, со легендарниот дрес со број “14”.

Извор: https://x.com/Arsenal
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено