НАЈБИЗАРНИОТ ИЗГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА! Селекторот на Нигерија обвини: „Изгубивме на пенали поради ВУДУ!“

Објавено:

Заборавете на лош терен, лош судија, ВАР или „тешки нозе“. Имаме нов, апсолутен шампион во категоријата „најбизарни изговори за пораз“ во историјата на фудбалот.

Ерик Шел, селекторот на Нигерија, има совршено „логично“ објаснување зошто неговата репрезентација (предводена од Виктор Осимен) е елиминирана од Конго: ЦРНА МАГИЈА.

Во неделата, Конго ја елиминираше Нигерија во финалето на африканскиот плеј-оф, откако победи со 4-3 на пенали (1-1 по 120 минути). Ова е апсолутна катастрофа за „Супер Орлите“, кои сега го пропуштаат Мундијалот.

Нормално, поразот беше тежок, а Шел веднаш по последниот пенал влезе во конфликт со стручниот штаб на ДР Конго. 🤬

Зошто? Затоа што мислел дека нешто „магично“ се случува.

Кога новинарите на прес-конференцијата го прашале за инцидентот, Шел ја презел контролата и го понудил објаснувањето на годината.

Прво на француски, обвинувајќи ги играчите на Конго за „maraboutage“ (термин за африкански врач или волшебник).

Потоа, за да биде кристално јасен на сите, и на англиски јазик „завери“:

„За време на СИТЕ пенали, играчите на Конго правеа ВУДУ!“

Човекот е 100% сериозен.

Од таборот на ДР Конго, нормално, негираа било каква вмешаност на натприродни сили во пенал-рулетот. Тие си го прославија пласманот во интерконтиненталниот бараж, каде што ќе се борат за прво учество на СП од 1974 (кога беа Заир).

А Нигерија? Ќе мора да бара подобар волшебник… или подобри изведувачи на пенали.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено