Најдобриот британски тенисер се откажа од УС Опен поради повреда

 

Објавено:

Најдобриот британски тенисер, кој е рангиран на петтото место на АТП листата вечерва објави дека се откажува од својот понатамошен настап на Отвореното првенство во Њујорк.

“Жал ми е што морам да ви кажам дека се повлекувам од УС Опен. Дадов сè од себе да бидам тука, но повредата на раката почна да станува премногу проблематична, па морам да го направам она што е правилно и да внимавам на себе. Ви благодарам за поддршката”, напиша тенисерот вечерва на социјалните мрежи.

Дрејпер требаше вечерва да го одигра натпреварот од втората рунда против Жижу Бергс, но поради откажувањето Берг службено го доби мечот и отпатува во третото коло.

Минатата година тој играше во полуфиналето на турнирот во Њујорк, а оваа година очекувањата и надежите на британските и светските фанови беа срушени уште по завршувањето на првиот круг.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено