Најдобрите 10 поени на Карлос Алкараз на УС Опен

 

Објавено:

Синоќа Шпанецот Карлос Алкараз по втор пат во својата кариера го подигна трофејот на престижниот турнир во Њујорк, со што успеа да се врати на врвот на АТП листата пред својот ривал од синоќешниот меч, Италијанецот Јаник Синер.

Тој одигра речиси совршен турнир, а само еден сет кој му го одзеде Синер во финалето го делеше од историски успех. Имено, Алкараз стигна до финалето без изгубен сет, а ако му успееше тој подвиг и во финалето, тој ќе станеше првиот тенисер во историјата кому му успеало тоа на Отвореното првенство во САД.

Но, и покрај сетот кој го спречи да го достигне и тој рекорд, Алкараз одигра одличен турнир, а за да се потсетите на неговиот пат на турнирот, погледнете ги десетте најдобри поени на младиот Шпанец.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено