Најважниот натпревар за „Кинг Кев“: Легендарниот Киган се бори со тешка болест

 

Објавено:

Фудбалскиот свет е обединет во молитвите за една од најголемите легенди на англискиот фудбал. Семејството на Кевин Киган (74) потврди дека поранешниот селектор на Англија и икона на Ливерпул и Њукасл е дијагностициран со рак.

Популарниот „Кинг Кев“ неодамна бил примен во болница поради стомачни проблеми, каде што била откриена болеста. Сега му претстои најважниот натпревар во животот, а тој веќе започнал со третмани.

„Кралот Кев“ не е сам

Веднаш по објавата, поддршка пристигна од сите страни. Неговите поранешни клубови, Њукасл и Ливерпул, испратија емотивни пораки.

„Кинг Кев. Со тебе сме на секој чекор од патот, напишаа од Њукасл, каде што тој има статус на божество.

Навивачите на социјалните мрежи исто така му посакуваат брзо закрепнување. „Оздрави побрзо легендо“, „Сите сме зад тебе“ и „Бори се Кев“ се само дел од илјадниците пораки.

Кариера за паметење

Киган е еден од ретките фудбалери кој двапати по ред ја освои „Златната топка“ (1978 и 1979) додека настапуваше за Хамбургер. Во својата богата кариера беше капитен на Англија, а како менаџер остави длабока трага во Њукасл, Фулам и Манчестер Сити.

Сите ние од SportStation му посакуваме брзо и целосно закрепнување на легендата. Држи се, мајсторе! ❤️


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено