Налбандијан ја реши дилемата: „Ноле е најдобар, Роџер и Рафа се за емоции“

Објавено:

Еден од ретките тенисери кои можеа да ги гледаат „во очи“ членовите на „Големата тројка“ и да излезат како победници, Давид Налбандијан, го даде својот суд за вечната дебата. Аргентинецот, кој останува единствениот играч во историјата што ги победил Федерер, Надал и Ѓоковиќ на еден ист турнир (Мадрид 2007), смета дека дилеми околу тоа кој е најдобар, не треба да има.

Во гостувањето во поткастот „Clank!“, популарниот „Крал Давид“ направи јасна разлика помеѓу статистичката доминација и емотивната поврзаност со публиката.

„Бројките не лажат, Ѓоковиќ е број 1“

Според Налбандијан, кој играше во ерата на најголемиот подем на овие титани, српскиот ас е без конкуренција кога се гледаат фактите.

„Мислам дека тука има едногласност, но и различни вкусови. Без сомнение, Ноле е најдобар. Според резултатите, бројките, сè…“ изјави Налбандијан.

Сепак, тој признава дека Федерер и Надал имаат поинаква тежина кај фановите.

„Можеби повеќе ви се допаѓаат Роџер и Рафа, кои се малку подолу во бројките, но тие беа многу позначајни симболи за луѓето. За мене, Ѓоковиќ е најдобар, без прашање. Може да ви се допаѓа повеќе или помалку, но нема дилеми, додаде Аргентинецот.

Тој исто така истакна дека токму Новак им помогнал на Роџер и Рафа да продолжат да се подобруваат и да си поставуваат нови цели.

Големата болка: „Ќе го победев Федерер во Австралија 2006“

Освен за „Големата тројка“, Налбандијан се наврати и на најболниот момент во својата кариера – полуфиналето на Австралија Опен 2006 година. Тогаш, тој водеше со 2-0 во сетови против Маркос Багдатис, но на крајот загуби во пет сета.

Налбандијан е убеден дека ако го добиеше тој меч, ќе станесе Гренд Слем шампион против Федерер во финалето.

„Тоа е меч што требаше да го добијам. Ќе играв финале со Роџер повторно… и мислам дека ако победев таму (против Багдатис), ќе го победев Роџер во финалето, бидејќи доаѓавме по мечот на Мастерсот два месеци претходно (каде Налбандијан победи), открива Давид.

За потсетување, Налбандијан го победи Федерер во епското финале на завршниот Мастерс во 2005 година, враќајќи се од 0-2 во сетови.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено