12.8 C
Skopje

Насмевки, другарство и фудбал: Успешно заврши кампот на Ѕвезда и Форца!

Објавено:

Со доделување на дипломи и многу детски насмевки, официјално е прогласен за затворен летниот фудбалски камп на Црвена Ѕвезда и ФК Форца за 2025 година. Во изминатите пет дена, терените на стадионот “Борис Трајковски” беа епицентар на талент, другарство и напорна работа, каде што над стотина млади фудбалери го живееја својот сон.

Под будното око на врвните тренери од младинската школа на Црвена Звезда, децата поминаа низ интензивни тренинзи и професионални тестирања, но пред сè, создадоа нови пријателства и спомени кои ќе траат цел живот. Секој учесник си замина побогат за едно огромно искуство и со уште поголема мотивација да продолжи да работи на остварување на своите фудбалски цели.

Најдобриот начин да се долови магијата на овие пет дена е преку слики. Уживајте во официјалното „aftermovie“ кое ги сумира најубавите моменти, голови, насмевки и другарства од кампот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by F.K. Forca (@fkforca)

Им честитаме на сите учесници за покажаната борбеност и талент. Иако само најдобрите ќе добијат шанса за пробни тренинзи во Белград, сите деца се победници.

Се гледаме повторно догодина!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено