Навивачите на Марсеј му посакаа топло добредојде назад на Обамејанг

 

Објавено:

После една година Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Марсеј како слободен играч, а навивачите го пречекаа со огромно воодушевување.

36 годишниот играч од Габон, претходниот пат кога играше за клубот остави вистинска трага, а во сезоната 2023-24 тој постигна 30 голови и стана миленик на навивачите.

На видеото од пречекот може да се слушне како навивачите извикуваат: “Ние сме Марсеј, ние ќе победиме”, истакнувајќи ги големите очекувања кои ги имаат од Обамејанг.

Извор: https://x.com/OM_Officiel

Инаку, тој имаше примамливи понуди да се пресели во некој од клубовите во Саудиска Арабија, но рече дека враќањето во Марсеј бил “изборот на срцето, над финансиската добивка”.

Тој токму во саудискиот клуб Ал Кадиса ја помина претходната година, но очигледно не му се допаднало играњето таму, па реши да се врати онаму кадешто е повеќе од добредојден.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено