Навивачите на Шефилд Венздеј го наполнија стадионот во поддршка на клубот

 

Објавено:

Кога еден клуб ќе банкротира, навивачите најчесто го сметаат тоа за срцепарателен момент. Но, тоа не е случајот со навивачите на второлигашот Шефилд Венздеј, кои излегоа со огромна поддршка за клубот откако претходниот сопственик, Дејфон Чансири, го напушти клубот.

Клубот вчера ја објави веста за банкротот, а вработените побрзаа да ги отстранат столчињата од трибината на Хилсборо каде беше испишано името на сопственикот.

Навивачите со ентузијазам ја примија веста за банкротот, па наместо тага и неверување, тие го сметаат ова како шанса за нов почеток на клубот. Уште пред денешниот натпревар го преплавија официјалниот фан шоп купувајќи дресови и други реквизити, со цел да ја подобрат финансиската состојба на клубот, а потоа одговорија и на повикот на играчите, па во огромен број се појавија на натпреварот од Чемпионшип лигата.

И ако само во средата стадионот беше празен како знак на бојкот, денес стадионот имаше 27.261 гледачи, што значи дека сите домашни билети биле продадени. Клубот изгуби од Оксфорд Јунајтед со 1-2, но сите се свесни дека промената нема да се случи преку ноќ.

Ова е огромен чекор напред, но за исплаќање на огромните долгови ќе треба да се најде нов сопственик и да се изоди трнлив пат кон конечниот спас на клубот. Но, едно е сигурно, навивачите и играчите се подготвени да го спасат својот клуб кој постои 158 години, а кога постои љубов и пасија, чудата се можни.

Погледнете ја разликата од минатата среда до денес…

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено