Навивачите поделени: Играчот на Њукасл сака да игра за Шкотска откако се пласираа на СП

 

Објавено:

Шкотска е во транс! Со епската победа од 4-2 над Данска во вторникот, „Тартан Армијата“ го прекина 28-годишното проклетство и се пласираше на Светското првенство 2026.

И додека гајдите сè уште свират во Глазгов, едно познато име од Премиер лигата испрати сигнал дека можеби е подготвено да го облече синиот дрес. Станува збор за крилото на Њукасл, Харви Барнс.

„Вратата не е затворена“

Барнс (27) е роден во Англија и има еден настап за „Гордиот Албион“ (пријателска против Велс во 2020), но според правилата на ФИФА, сè уште може да ја смени репрезентацијата бидејќи нема официјален натпревар, а баба му и дедо му се Шкотланѓани.

Веднаш по пласманот на Шкотска, на прашањето дали вратата за Шкотска е затворена, Барнс за Sky Sports изјави:

„Не, секако дека не е. Иако играв за Англија, знам дека опцијата за менување сè уште постои. Не сум размислувал премногу за тоа, немало конкретни разговори, но беше одлично да се види како се пласираат на Светското првенство“.

Фановите поделени: „Платеник“ или „Жртва на новинарите“?

Оваа изјава предизвика бура на социјалните мрежи. Дел од шкотските навивачи се бесни на тајмингот.

„Интересен тајминг. Каде беше кога се мачевме во квалификациите? Сега кога сме на Мундијал, одеднаш има шкотска крв?“, коментираат гневните фанови, нарекувајќи го „Шкотланѓанец за убаво време“ (Fair weather Scot).

Други пак, застануваат во негова одбрана, тврдејќи дека насловот е „кликбејт“.

„Новинарот го праша, тој само искрено одговори. Не е дека Барнс свикал прес-конференција за да се нуди сам. Тој е играч од 40 милиони фунти, секако дека ни треба таков квалитет“, велат прагматичните поддржувачи.

Селекторот Стив Кларк претходно изјави дека веќе еднаш го прашал Барнс и добил негативен одговор, па сега потегот е на фудбалерот.

Дали Шкотска треба да го прими во тимот за Америка или „возот помина“?


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено