НБА Плеј-оф: Лејкерси го шокираа Хјустон и без Дончиќ, Никси моќни во „Гарден“!

 

Објавено:

Ако некој мислеше дека отсуството на Лука Дончиќ и Остин Ривс ќе значи лесна работа за Хјустон, дефинитивно згреши. ЛА Лејкерс покажаа зошто никогаш не смеете да го отпишете тимот предводен од Леброн Џејмс, додека во Источната конференција, Никси потврдија дека се сериозен претендент за висок пласман.

„Езерџиите“ преживеаја без Лука, Хјустон се распадна без Дјурант

Хјустон Рокетс – ЛА Лејкерс 98:107 (0-1)

Ова беше натпревар на отсуства, но се чини дека ударот врз Хјустон беше многу посилен. Само неколку часа пред мечот беше објавено дека Кевин Дјурант ќе го пропушти стартот поради повреда на коленото. Без него, нападот на Рокетс изгледаше сосема дезориентирано, а тие шутираа очајни 37% од поле и не успеаја да искористат дури 27 шута повеќе од Лејкерси!

Од друга страна, Леброн Џејмс одигра како во најдобрите денови. Иако без Дончиќ и Ривс, Леброн со 19 поени и 13 асистенции го диктираше темпото, а изненадување на вечерта беше Лук Кенард кој „испука“ 27 поени со совршени 5/5 за три поени. Лејкерси шутираа неверојатни 60% од игра и направија огромен брејк кој им дава надеж дека можат да ја поминат серијата додека ги чекаат своите ѕвезди да се вратат од повреди.

Брансон и Таунс ги „скршија“ Јастребите

Њујорк Никс – Атланта Хокс 113:102 (1-0)

Њујорк Никс под водство на новиот стратег Мајк Браун започнаа моќно. Џејлен Брансон уште во првата четвртина најави дека ова е негова вечер, постигнувајќи 19 поени за само 12 минути (вкупно 28). Кога Атланта успеа да го затвори Брансон во второто полувреме, на сцена стапи Карл-Ентони Таунс.

Популарниот „КАТ“ постигна 19 од своите 25 поени во вториот дел, вклучувајќи клучна серија со која Никси отидоа на недостижни +19. Кај Атланта се истакна Си-Џеј Меклум со 26 поени, но Хокси немаа одговор за физичката доминација на Никси под кошовите, каде Џош Харт собра дури 14 скокови.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено