Првпат по легендарната сезона 1996/97, во срцето на ерата на Мајкл Џордан, “биковите” ја започнаа НБА сезоната со пет победи по ред. Ниту “Бејби Булс” од почетокот на 2000-тите, ниту тимовите предводени од Дерик Роуз, ниту пак поновите состави со Зах Лавин… никој не успеал да ја повтори тој легендарен старт на сезона сè до вечерва.
Во славјето од 135:125 над Њујорк Никс, прв триумф за Чикаго во НБА Купот, блесна Џош Гиди со најдобрата партија во својата кариера (32 поени, 10 скока и 9 асистенции, со реализација 12/21 од поле).
BULLS WIN.
— Chicago Bulls (@chicagobulls) November 1, 2025
BULLS WIN.
BULLS WIN.
BULLS WIN.
BULLS WIN. pic.twitter.com/srrTDqLHxW
Никола Вучевиќ додаде 26 поени и четири тројки, а Ајо Досунму беше движечката сила со 22 поени и 9 асистенции. Вкупно шестмина кошаркари на Чикаго завршија со двоцифрен ефект, што е петти меч по ред со ваков баланс.
Булс водеа со 19 поени на полувреме, но Никс се вратија до само еден бод разлика во последната четвртина. Тогаш следеше одговор од “биковите” – брза транзиција, движење без топка, агресивна одбрана и мини-серија од 8:0 што ја затвори средбата.
Тимот што пред сезоната многумина го гледаа само во борба за “плеј-ин”, сега е на врвот на Истокот.
Главната причина? Зрелоста на Гиди, динамиката на Досунму и искуството на 35-годишниот Вучевиќ кој игра како во своите најдобри години. Новата офанзивна филозофија на тренерот, базирана на тимска енергија и рамномерна распределба на одговорностите, создаде вистинска хемија.
Со овој триумф, Чикаго останува единствениот непоразен тим на Истокот, нешто што последен пат се случило во златните денови на Џордан.
Во другите мечеви од вечерта:
Бостон Селтикс во тесен меч ги совладаа 76ерс со 109-108.
Торонто Репторс славеа над Кавалерите со 112-101.
Лејкерс со феноменална игра на Дончиќ победија над Гризлис со 117-112.
Портланд Трејл Блејзерс славеа над Денвер со 109-107.
Атланта ги совладаа Индијана Пејсерс со 128-108.
Сонцата од Феникс убедливо против Јута Џез со 118-96.
Клиперси со победа над Пеликаните со 126-124.
Погледнете ги и најдобрите моменти од вчерашната игра.



