НБА преглед: Јокиќ ги одведе Денвер до победа, Репторс први во нокаут-фазата!

Објавено:

Во ноќ полна со пресврти и адреналин, Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е лице на модерната НБА. Со 34 поени, 10 скока и 9 асистенции, српскиот центар го водеше Денвер до голема победа од 112-109 над Хјустон во вистински трилер на НБА Купот.

Јокиќ постигна 24 поени во второто полувреме, ја контролираше играта кога најмногу требаше и со ладнокрвните фрлања во последните секунди го стави потписот на победата. Џамал Мареј му се придружи со 26 поени и 10 асистенции, а Денвер со ова се искачува на 2-1 во групата, со последен меч на 28 ноември против Сан Антонио.

На другата страна, Хјустон ја прекина серијата од пет победи, иако имаше херој на вечерта во Рид Шепард, кој со 27 поени (20 во првото полувреме) ја одигра најдобрата партија во кариерата. Аман Томпсон додаде 22, а Џабари Смит 21 поен и 11 скока, но последниот обид од половина терен на Сенгун не заврши како што посакаа домашните.

Репторс први патуваат во нокаут-фазата

Торонто е првиот тим што официјално обезбеди место меѓу најдобрите во НБА Купот. Со 140-110 победата над Вашингтон, Рапторси стигнаа до 3-0 и серија од шест триумфи по ред. Инграм и Барет со по 24 поени го диктираа ритамот, а шесттата победа беше повеќе рутина отколку предизвик.
Вашингтон продолжува да тоне, со 13 порази по ред.

Гилеспи за 6 секунди го уништи Едвардс, Клакстон со прв трипл-дабл

Феникс Санс приредија еден од најголемите кам-бекови сезонава, совладувајќи ја Минесота Тимбервулфс со 114-113. Сонцата губеа со осум поени во последната минута, но Колин Гилеспи (20 поени, сезонски максимум) погоди за победа на 6.4 секунди пред крајот. На Волвс не им помогна ниту брилијантниот Ентони Едвардс со 41 поен.

Бруклин Нетс го изненадија Бостон Селтикс со 113-105. Победата ја донесе Мајкл Портер Јуниор со 33 поени (16 во последната четвртина), а Ник Клакстон го запиша својот прв трипл-дабл во кариерата.

Оклахома не застанува: Осма победа, Портланд го шокираше Кари

Оклахома Сити Тандер влезе во уште посензационална форма, врзувајќи ја осмата победа во низа (16-1 скор), совладувајќи го Јута Џез со убедливи 144-112. Шеј Гилџус-Александер заврши со 31 поен. Џез беа елиминирани од Купот со овој пораз.

Портланд Трејл Блејзерс приредија големо изненадување, победувајќи го Голден Стејт Вориорс со 127-123 во Сан Франциско, со што се израмнија со Денвер во групата Ц на НБА Купот. Калеб Лав и Дени Авдија постигнаа по 26 поени, додека Стеф Кари беше феноменален со 38 поени (9 тројки) за поразените Вориорс.

Далас ја прекина лошата низа, Кливленд и Мајами доминираа

Далас Маверикс ја прекина лошата серија од 12 натпревари, славејќи над Њу Орлеанс Пеликанс со 118-115. Рукито Купер Флег беше најдобриот на теренот со сезонски рекорд од 29 поени, од кои 12 во последната четвртина. Пеликанс паднаа на осмиот последователен пораз.

Кливленд Кавалирс го совлада Индијана Пејсерс со 120-109. Донован Мичел постигна 32 поени, а одлично се врати и Дариус Гарланд со 20 поени. Кај Пејсерс, Ендрју Нембард постави личен рекорд со 32 поени.

Мајами Хит го декласираше Чикаго Булс со убедливи 143-107, предводен од Кел’ел Веар со дабл-дабл (20 поени, 14 скокови). Мајами водеше со дури 41 поен разлика и го забележа третиот триумф во низа.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено